Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април изнесувала 20.983 денари, што е за 1,2 отсто номинално повеќе во однос на истиот месец од минатата година. Најголема плата во април имале вработените во финансискиот сектор во Македонија, каде просекот изнесувал 37.074 денари, по што следат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (35,613 денари) и Информација и комуникации (33.389). Најниски примања имале вработените во секторот Административни и помошни дејности, каде платата во април изнесувала 13.750 денари и во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство со 15.050 денари. Зголемување на платите во април евидентирано е кај просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (5,4 отсто), Рударство и вадење на камен (5,4 отсто) и Преработувачка индустрија (4,8 отсто).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април изнесувала 20.983 денари, што е за 1,2 отсто номинално повеќе во однос на истиот месец од минатата година, објави во петокот Државниот завод за статистика.
Најголема плата во април имале вработените во финансискиот сектор во Македонија, каде просекот изнесувал 37.074 денари, по што следат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (35,613 денари) и Информација и комуникации (33.389).
Најниски примања имале вработените во секторот Административни и помошни дејности, каде платата во април изнесувала 13.750 денари и во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство со 15.050 денари.
Зголемување на платите во април евидентирано е кај просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (5,4 отсто), Рударство и вадење на камен (5,4 отсто) и Преработувачка индустрија (4,8 отсто).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (30,9 отсто), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4,2 отсто) и Дејности во врска со недвижен имот (3,0 отсто).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април изнесувала 30.799 денари. Во април 2013 година, 1,7 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.